Мицкоски ќе набавувал еколошки автобуси, СДСМ прашува во кое својство

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

д Град Скопје нема објаснување за најавата на Мицкоски дека се преговарало со неколку светски компании за набавка на електрични автобуси, кои беа дел од предизборната кампања на сегашната градоначалничка.

Во кое својство Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси, прашаа од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот на скопските градоначалници од оваа партија, рече дека биле во преговори со светски компании за набавка на 100 електрични автобуси за Скопје.

Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски со кинеските автобуси? Или како Гордана Јанкулоска и Груевски за набавката на „она на М“? За сите овие криминални и корупциски набавки има предмети пред судовите. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните и за општините и не работат ништо, Мицкоски и 100 пати да прави скапи отчети, не може да го скрие овој факт – велат од СДСМ.

Со свој став реагираа и од најголемата опозициска партија, од каде што велат дека одговорна партија ќе излезеше и ќе го поздравеше проектот со кој ќе се преполови загаденоста на воздухот.

Ние нема да прашуваме во кое својство Зоран Заев се фали со минималната плата, иако веќе не е премиер, затоа што е совршено јасно дека Ковачевски е пионот преку кој Зоран Заев краде и ја уништува државата. Но, затоа ќе одговориме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува проекти, меѓу кои за мега набавка на најмалку 100 електрични автобуси, како човек што ја доби мнозинската поддршка од народот на последните избори и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ која држи до зборот и ветеното – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Град Скопје нема објаснување за најавата на Мицкоски дека се преговарало со неколку светски компании за набавка на електрични автобуси, кои беа дел од предизборната кампања на сегашната градоначалничка Данела Арсовска, која ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Мицкоски рече и дека со потенцијалните снабдувачи се разговарало и за отворање фабрика во Скопје.

Во завршна фаза сме и во подготовка на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите овие потенцијални снабдувачи разговараме и за отворање фабрика тука во Скопје во Македонија за производство на овие електрични автобуси во којашто ќе се вработат минимум 500 луѓе. Голем дел од овие компании ни велат, од тука понатаму сакаат да го снабдуваат и европскиот пазар со ваков тип превозни средства односно соелектрични автобуси. Мислам дека сме многу блиску и да го официјализираме сето ова – рече Мицкоски.

Арсовска ветуваше бесплатен јавен превоз и 250 нови еколошки автобуси, кои требаше да се набават во првите 82 дена од нејзиниот мандат, но тоа не се случи, а како што објасни градоначалничката пред еден месец, тие нема да се купат ни оваа година поради огромната задолженост на Град Скопје.

Набавката на 250 еколошки автобуси е дел од четиригодишната програма на Град Скопје. Од буџетот во 2022 голем, дел од финансиските средства се наменети за плаќање на милионските долгови наследени од претходното раководство на градот, како и на повеќегодишни договори што претходното раководство ги склучило надвор од својот мандат. Овие долгови мора да се исплаќаат со средствата што Град Скопје ги има на располагање од буџетот од оваа и следните години – посочија тогаш од Град Скопје.

Во меѓувреме, Арсовска се откажа и од проектот за брз автобуски превоз, за кој се залагаше нејзиниот претходник Петре Шилегов и за кој беше обезбеден грант од ЕБОР од 70 милиони евра.

Мицкоски ќе набавувал еколошки автобуси, СДСМ прашува во кое својство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот