Мицкоски: Информациите за материјалот од кој се градени модуларните болници, ја надминува моралната одговорност

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во статус на Фејсбук напиша дека информациите за материјалот кој е користен за градба на модуларните болници ја надминува моралната одговорност на надлежните.

Прашува зошто во набавката за модуларните болници се барале лесно запаливи PUR панели, не се барало атест за квалитет и зошто немало противпожарна заштита.

– Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составен од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од производител на било кој материјал што е вграден во модуларните болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита, исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи), пишува Мицкоски.

Додава дека според Правилникот за заштита од пожари, овие објекти спаѓаат во категоријата Г за која важи дека мора да бидат огноотпорни минимум два часа, а болницата во Тетово, како што вели, изгоре за две минути.

Според Мицкоски, сето ова ја надминува моралната одговорност на надлежните. Смета дека треба да се спроведе објективна истрага.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот