Мицкоски: Дијаспората да се мобилира и масовно да излезе на гласање

Претстојниот период е предизвикувачки и потребна е што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на претседателските и парламентарните избори, бидејќи се суштински за иднината на Македонија, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Швајцарија.

Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки се во дводневна посета на Швајцарија.

– Она што го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората, игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија. Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот