Мич Меконел ќе го поддржи договорот за поделба на власта со демократите во Сенатот

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Мич Меконел, републиканскиот лидер во американскиот Сенат, рече дека ќе го поддржи договорот за поделба на власта со демократите откако републиканците и демократите имаат еднаков број претставници, по 50, што е можно да ја блокира работата на законодавниот дом.

Како што пренесуваат странските агенции, Чак Шумер, лидерот на демократите и Меконел имаат спротивни ставови во врска со барањето на републиканците – демократите да ветат дека ќе ја заштитат работата на ова тело од тактиката „филибастер”, за што е потребно мнозинство од 60 гласа во Сенатот.

Правилата на Сенатот дозволуваат кој било член или група сенатори да зборуваат колку што е потребно за некое прашање. Единствениот начин да се стави крај на дебатата е да се повика на „затворање” или гласање на 60 члена, без кои „филибастерот” може да трае без крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот