МЕТЕО на УБ: Променливо облачно и натпросечно топло време

Unsplash
Есен / Фото: Unsplash

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд. Утре попладне ќе започне да дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен правец, со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух, па така и температурите од среда, па натаму ќе бележат тенденција на опаѓања и минималните понекаде ќе се спуштат до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот