7 C
Скопје

Месиќ е платен бошњачки лобист

Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ испрати писмо до новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, со предлог за тоа како да се организира Босна и Херцеговина на граѓанска, а не на национална основа, што предизвика излив на гнев кај хрватските приврзаници на т.н. Херцег-Босна

Бариша Чолак, заменик-претседател на хрватскиот клуб во Домот на народите на Парламентот на БиХ, по повод писмото на Месиќ вели дека не треба да се биде голем аналитичар или да се има посебен ум за да се заклучи дека она што Месиќ го рекол сега е кажано неколкупати претходно и дека тоа е типично за Месиќ, кој се појавува во улога на платен бошњачки лобист.

– Не гледам друг начин да ги карактеризирам ваквите претстави. Тие не се разликуваат од оние бошњачки лобисти или поборници на таквата политика, односно „граѓанска држава“, како што ја нарекуваат. Па, и ние не сме за „селска држава“; и ние сме за граѓанска држава, но каква граѓанска држава – држава во која ќе се почитуваат правата, не само на секоја индивидуа, туку и на колективот како таков. Ова е токму она што тука се занемарува, а класичната замена на тезите преку приказната дека треба да се постигне граѓанска држава е на сцената – вели Чолак.

Прочитајте и...  Владата задоволна од изгласаната доверба и бара деблокирање на Собранието, опозицијата и натаму го оспорува мнозинството

Чолак го поставува прашањето за каква граѓанска држава се залага Месиќ, објаснувајќи дека принципот „еден човек, еден глас“ подразбира доминација на мнозинството луѓе и мнозинството на помалиот број луѓе.

– Не верувам дека Месиќ не го знае тоа, но кога имате задача и кога сте во една улога, тогаш зборувате како што зборувате. За него е фама дека нема да бидеме еднакви ако се формира граѓанска држава – рече Чолак, објаснувајќи дека е логично да се заклучи дека сме имале манифестации на таа „граѓанска држава“ преку Комшиќ, кој беше наметнуван трипати како „хрватски член на Претседателството на БиХ“ или двапати наметнатата власт во Федерацијата БиХ од страна на побројниот народ.

Чолак вели дека Месиќ целосно ги изедначува политиките на Човиќ и Додик или целосно ја изедначува улогата на Хрватска и Србија.

– Далеку од тоа дека во сè се согласуваме со политиката што ја спроведува г-дин Додик. Земете го НАТО – целосно дијаметрално спротивно, ние сме на спротивните страни. Но, се разбира, ние разбираме некои работи, барем кога станува збор за она за што веќе говорев и за тоа што е контроверзно – вели Чолак.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Илијевски: Бараме граѓаните кои на пописот во Србија се изјасниле како Македонци да добијат државјанства

– Денеска лобирањето е дозволено, Боже мој, само ова е неточен и нечесен начин. Тоа е начин што не може да придонесе за ништо добро. Месиќ ја нарекува својата политика стабилизирачка, па како може да се стабилизира кога видовме низ изборите и низ кратката историја од Дејтон досега колку Хрвати во БиХ се идентификуваат со таа политика. Мислам дека тоа е многу, многу мал број луѓе – вели Чолак.

– Ние секогаш велиме, дајте да избереме свои претставници таму каде што тоа го предвидува Уставот, членовите на Претседателството да можат да бидат избрани од секоја нација и да ги избереме своите претставници во парламентарните домови. Кој меѓу нас воопшто го оспорува граѓанскиот принцип, тој каков  што го нарекуваат и го разбираат преку „еден човек – еден глас“ кога станува збор за парламентарните домови на граѓаните, од општинските и градските совети, до собранијата на окрузите, до парламентите на ентитети и на државата – појаснува Чолак.

Прочитајте и...  Денеска се слави Свети Лав, епископ Катански

– Па, никој не го доведува ова во прашање, но проблемот е во тоа што тие сакаат да ги претворат овие домови каде што треба да бидат застапени народите, во граѓански.

Тој наведува примери на Белгија или Швајцарија, кои не се засноваат врз принципот „еден човек – еден глас“, објаснувајќи дека имаме повеќе такви примери, како што се Германија и Канада, а особено неодамнешните претседателски избори во САД, коишто се далеку од споменатиот принцип.

– Со замена на тези и медиумска врева по секоја цена, системот што одговара на некои, а не одговара на други или на трети страни, се сака да биде инаугуриран без оглед на тоа колку има смисла и до што води – вели Чолак.

 

Преземено од „Ослобоѓење“ од Сараево

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар