Меси со трофејот од СП/EPA/Tolga Bozoglu

Меси во домот на Реал Мадрид ќе игра натпревар за нов трофеј?

Иако УЕФА неодамна соопшти дека не се разгледуваат алтернативни решенија за натпреварот Финалисима 2026, се чини дека сепак може да дојде до промена. Големото дерби меѓу Аргентина и Шпанија, закажано за 27 март, може да биде преместено поради сè потешката ситуација на Блискиот исток.

Според информациите на шпанската новинарка Аранче Родригез, главен кандидат за домаќин на овој спектакл е стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Доколку оваа опција се потврди, тоа ќе значи дека Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина ќе игра важен натпревар за својот национален тим токму на теренот на најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб, Барселона.

Аргентинскиот капитен ќе има шанса да се обиде да освои уште еден трофеј во дресот на репрезентацијата. Исто така Меси против себе ќе го има и Ламин Јамал кој сега ја има улогата на ѕвезда во Барселона, но и шпанската репрезентација.

Ќе потсетиме, Финалисима е натпревар меѓу европскиот и светскиот шампион, а за ова издание тоа се Шпанија, освојувач на Европското првенство, и Аргентина, актуелен светски шампион.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот