Меси се врати на тренинзите на Барселона (ВИДЕО)

twitter/FC Barcelona

Аргентинецот за прв пат по завршување на сагата тренираше со соиграчите.

На голема радост на навивачите на Барселона, Лионел Меси денеска го одработе првиот тренинг со соиграчите откако одлучи и претстојната сезона да ја помине на „Камп Ноу“.

View this post on Instagram

? @leomessi

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona) on

Меси од понеделникот тренираше одвоено од екипата, требаше да има два негативни теста на коронавирус пред да се врати на тренинзите со соиграчите под водство на новиот тренер Роналд Куман.

Со екипата е и Фелипе Кутињо кој исто така тренираше одвоено по враќањето од позајмицата од Баерн Минхен, а се се вратија и фудбалерите кои беа со своите репрезентации за натпреварите од Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот