Месецов ќе се спроведе постапката за набавка на училишен инвентар за кумановското „Киро Бурназ“

Фото: МИА

Во Кумановското стручно училиште „Киро Бурназ“ во текот на овој месец ќе се спроведе постапка за потребната опрема, соопштија од Министерството за образование и наука.

По реакциите од општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, дека учениците следат онлајн настава поради недостиг на клупи и столови, од МОН информираа дека МОН со поддршка на Европската Унија целосно го реконструираше стручното училиште во Куманово.

– МОН со поддршка од ЕУ го реконструираше целосно регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово, кој се трансформира во модерна образовна установа која ќе го промовира и унапредува стручното образование и обука. Преостанува опремувањето со инвентар, односно клупи и столчиња, за што, во текот на овој месец ќе се спроведе постапка за јавна набавка. Во меѓувреме, наставата може да се одвива со физичко присуство (што е надлежност на директорот), бидејќи училиштето и натаму располага со опремата што и досега се користеше, информираа од Министерството.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Бобан Николовски прашува зошто управата на училиштето две години не обезбедува елементарни услови за настава, каде завршил стариот инвентар со кој биле опремени 20-тина училници, кабинети и лаборатории и зошто министерството за образование две години не презема ништо и по низа поплаки на родителите чии деца две години седат дома.

Директорката на училиштето, Весна Трајковска информира дека реконструкција на училиштето се одвива во две фази: градежна која е целосно завршена и втора фаза набавка на опрема која не ги надминува роковите. Од училиштето потсетуваат дека наставата се одвива непречено, поглем дел од паралелките се дуални, каде што учењето се одвива преку работа во компании.

Училиштето лани запиша 611 ученика, а претходно имаше 430. Во регионалниот центар инвестирани се околу три милиони евра, од кои два милиони за реконструкција и еден милион за набавка на современа опрема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот