Мерко: Нема дивоградби во Струга

Фото: Архива на „Слободен печат“

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во гостувањето во емисијата „Топ Тема” на „Телма Телевизија” вели дека нема дивоградби во Струга.

– На 03.03.2011 се донесе закон за легализација на бесправно изградените објекти и секој има право да поднесе барање за легализација, тоа зависи од тоа дали ќе го прифати Советот на општината или не. Тие што се одбиени не треба да се рушат, бидејќи се работи за недоволна документација која ја имаат доставено. Исто така, ги има многу во странство што немаат елаборати доставено, вели градоначалникот

Мерко упати критики до Владата дека за донесување на генерален план се потребни десет години, а за детален план потребни се од три до пет години и додаде дека не треба локалната власт да врши притисок врз оние кои имаат потреба да градат.

– Бидејќи луѓето немаат генерални, а ни детални планови, ќе градат на диво, а и уште повеќе ќе градат. Ние не смееме да им вршиме притисок на луѓето. Мора да престане оваа хајка за Струга, уште во 2005 година кога дојдов да ја раководам општината, започна хајката против Струга, дека важи за општина со најголем број дивоградби, но подоцна се изостави дека Охрид има повеќе дивоградби. Не треба да не ставате во ист кош со Охрид, истакна Мерко.

Тој додаде дека заедно со комисијата од Унеско разгледано е крајбрежјето и не е дадена ниту една забелешка

– Ние сме ја прошетале цела обала со комисијата за планот за Унеско и не е најден ниту еден случај. Ние ако имавме 28, а од нив 4 се бараки, останатите се 20 ѕидови, додаде Мерко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот