Меркел: Поради доцното објавување на извештаите рокот за одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија беше краток

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германија цврсто стои зад европската перспектива на Западниот Балкан и ги поддржува земјите од тој регион во нивните реформски напори, соопштија од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Поради доцното објавување на извештаите за земјите, рокот за одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија беше краток. Пред оваа одлука, Сојузната влада мора да добие и согласност од Бундестагот, истакнато е во кабинетот на Меркел на прашањето од црногорскиот весник „Побједа” да ги прокоментира одлуките на Советот на ЕУ да го одложи отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

ЕУ во средината на месецов ја одложи одлуката за отворање на пристапните преговори со двете земји. Скопје и Тирана добија нов термин, октомври годинава кога членките на ЕУ ќе се изјаснат за тоа дали овие земји ќе ги почнат преговорите.

Германската канцеларка на крајот на дводневниот самит на лидерите на ЕУ, во Брисел, на кој одлуката за преговори беше одложена, се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство со ЕУ до октомври и оти таа ќе ја заложи сета нејзина политичка тежина за да се донесе таа позитивна одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот