Меркел ја предупреди Европа: Заканите на Путин треба сериозно да се сфатат

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин/ Фото: Архива на Слободен печат

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба сериозно да се сфати.

Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол” нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин.

-Сфатете ги зборовите сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување, нагласи таа.

„Хелмут Кол би направил се за да ги зачува и заштити суверенитетот и интегритетот на Украина, но никогаш нема да го изгуби од вид ‘денот потоа’,” истакна поранешната германска канцеларка.

Со ова Меркел индиректно го изрази својот став за ситуацијата во Украина.

По напуштањето на функцијата, таа кажа дека нема да коментира дневно-политички прашања, па затоа сега својот став го „исфилува” во одговор за тоа како канцеларот Кол би одговорил на кризата во 2022 година.

Таа додаде дека Кол „паралелно секогаш ќе го земел предвид и тоа што во моментот изгледа незамисливо, а тоа е како да се обноват односите со Русија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот