Меркел ги осуди сликите од обидите на демонстрантите да влезат во зградата на Рајхстагот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги осуди срамните слики од обидите на демонстрантите против носењето маски да влезат во зградата на Рајхстагот како груба „злоупотреба на правото на собирање”.

-Викендов имавме пример за тоа како може да се злоупотреби слободата на собирање, изјави владиниот портпарол Стефан Зајберт.

Правото на мирно собирање е, како што додаде, „многу вредно богатство дури и за време на пандемијата на коронавирусот”.

-Меѓутоа, тоа право овој викенд беше исмеано, рече Зајберт, зборувајќи „во име на владата и канцеларката Ангела Меркел”.

Неколку стотици демонстранти во саботата ја пробија оградата поставена пред Рајхстагот, седиштето на германскиот Парламент. Тие навреме беа спречени да влезат во зградата откако полицијата интервенираше и уапси неколку лица.

Овие слики предизвикаа шок во германската јавност.

-Резултатите се срамни, неприфатливи слики за обидите на антидемократите да влезат во зградата на Рајхстагот, рече Зајберт.

Во име на владата и канцеларката Зајберт им се заблагодари на тројцата полицајци кои „го бранеа влезот во парламентот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот