Меркел: Германскиот јазик нема зборови за да ја опише оваа катастрофална слика

фото EPA

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека владата ќе соработува со провинциите на западот на Германија погодени од поплавите со цел да се обноват разурнатите области.

„Ние сме со вас. И покраината и државата“, рече Меркел.

Германската канцеларка ја пофали работата и солидарноста во погодените области, што ги виде за време на нејзината посета, но предупреди дека проблемите не можат брзо да се решат.

Таа рече дека дошла да ја види во живо „застрашувачката слика“ од областите погодени од поплавите.

Со Меркел беше и премиерката на покраината Рајнска област-Пфалц, Мала Дреер.

Меркел вети брза финансиска помош по посетата на најпогодените области и најави дека владата ќе започне со краткорочна програма за закрепнување во среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот