Мерцедес повторно доминира, јубилеен 80. триумф на Хамилтон

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас остварија нова еден-два победа, овој пат на трката за Големата награда на Британија која се возеше на патеката Силверстон.  Ова воедно претставуваше шеста победа на Силверстон и јубилејна 80. победа во кариерата за Хамилтон.
Третото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Хамилтон до јубилејниот триумф стигна поради различната стратегија од клупскиот колега, Валтери Ботас со кого во првите неколку кругови постојано се менуваа во водството. Ботас прв влезе во боксот да ги менува пневматиците, возачот на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци, излета од патеката по што мораше да се појави безбедносното возило кое пак му овозможи на тогашниот лидер Хамилтон да замине во боксот и да ги смени пневматиците и да се врати на првото место кое потоа не го испушти до крајот.

Бодови освоија уште и возачите од 4. до 10. Место, Пјер Гасли и Макс Ферстапен од Ред Бул, Карлос Саинз (Мекларен), Даниел Рикиардо (Рено), Кими Раиконен (Алфа Ромео), Данил Квјат (Торо Росо) и Нико Хулкенберг (Рено).

Вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел не освои бодови отако по еден судир со Макс Верстапен, излета од патеката, беше казнет поради сударот и на крајот заврши на 15.место.

Во Генералниот пласман Хамилтон е убедливо прв со 223 бода, втор е клупскиот колега Ботас со  184 бодови, Ферстапен има  136 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот