Менопаузата доаѓа, кои се симптомите и што да правите

Како да се спречи прекумерното дебелеење кое е карактерситично за овој период и кое предизвикува најголемо незадоволство кај жените.

Менопаузата (климаксот) е природен процес кај жените и доколку се одвива природно може да се очекува од 45та година до 55та.

Во некои случаи, раната менопауза е асимптоматска, дури и ако е придружена со неможност да се забремени. Во други, најчести случаи, првите симптоми се препознаваат во промените во менструалниот циклус, поточно, со промена на ритамот на циклусот сè до конечното отсуство на менструација најмалку три месеци и, последователно, до нејзиното дефинитивно исчезнување.

Што се сличува во периодот на менопауза и зошто на жените тешко го поминуваат овој период? Пред сè производството на естроген значително се намалува, а тоа предизвикува:
нарушувања на ссонот, тахикардија и ноќно потење; ненадејни промени во расположението; зголемена фреквенција на мокрење; промена на телесната тежина; опаѓање на косата и сува кожа; болка во зглобовите; намалена сексуална желба.

За полесно поминување низ периодот на менопауза докторите препишуваат хормонска терапија. Сепак, многу нутриционисти веруваат дека правилниот избор на храна може да го регулира нивото на хормоните во организмот и на тој начин да помогне да се намалат непријатните симптоми на менопаузата, а особено да се спречи прекумерното дебелеење кое е карактерситично за овој период и кое предизвикува најголемо незадоволство кај жените.

Еве ги советите:

– Одберете медитеранска диета.

-Конзумирајте мали, но почести оброци.

-Менито на исхрана сконцентрирајте го на храна богата со фитоестрогени: соја, млеко од соја, тофу, ленено семе, интегрални житарки.

-Јадете храна богата со калциум секојдневно (млеко и млечни производи, морска риба, на пр. сардини, брокула, портокали, зелен лиснат зеленчук, овес, семки од сончоглед),

– Јадете свежа риба 2 – 3 пати неделно,

– Почесто јадете мешунки (грав, грашок, леќа,)

– Зголемете го внесот на коренов зеленчук и овошје (компири, моркови, манго, папаја),

-Користете повеќе храна што е извор на „добри“ масти; изберете масло од тиква и маслиново масло, а во меѓуоброците конзумирајте по дланка бадеми, лешници или орев и

-Изберете храна која е добар извор на антиоксиданси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот