17 C
Скопје

Менаџерскиот тим одлучи да нема отпуштање: Вработените во кочански „Пејпар мил” на принуден одмор до април и со 30 отсто помали плати

Сите 120 вработени во фабриката за хартија „Пејпар мил” од Кочани денеска добија писмени решенија дека работниот однос им продолжува, но до почетокот на април да не доаѓаат на работа. За месеците додека не се ангажирани, работниците ќе добиваат редовни плати, намалени за 30 отсто.

– Во решенијата што ги добивме стои дека работниот однос не ни е прекинат, односно до 1 април ќе останеме дома, а ќе добиваме помала плата. Сметаме дека таквиот потег на менаџерскиот тим е добар, со оглед што нема да ни биде загрозена егзистенцијата. Добивме информација дека на работа ќе бидат повикувани само оние работници кои се неопходни за одржување на опремата во фабриката, но производствениот процес ќе остане запрен, истакнаа работниците кои дојдоа пред фабричкиот круг за да ги подигнат решенијата, велат дел од работниците.

Прочитајте и...  Цената на бегањето и враќањето на Мијалков

Во меѓувреме, додека работниците се на принуден одмор, во „Пејпар мил” очекуваат да пристигне таканаречениот вреќест филтер, што ќе биде инсталиран на оџакот од системот за согорување пелети.

Претходно, Државниот инспекторат за животна средина издаде решение со кое од фабриката беше побарано за производствениот процес наместо пелети, да се користи метан, сè до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува воздухот во Кочани.

Поврзани вести

Португалија ќе отстапи пет отсто од своите дози на вакцини за поранешните колонии во Африка

Слободен печат

Новороденче со ковид-19 во Грција се бори за живот приклучено на апарати: Атинските болници повторно полни

Слободен печат

Судија ја блокираше забраната на Бајден за депортација на мигранти на неодредено време

Слободен печат

ВИДЕО: Судири меѓу клановите во затворите во Евкадор: Најмалку 75 затвореници се убиени

Слободен печат

Мијалков се обезбедува во куќен притвор со полициско присуство, СВР Скопје немало технички можности за аудио и видео надзор

Слободен печат

Ѓукановиќ отповика бројни амбасадори вклучувајќи го и амбасадорот во Белград Тарзан Милошевиќ

Слободен печат

Остави Коментар