Меланом: Подмолни места на кожата каде може лесно да се „скрие“ и да остане незабележан

кожа
Фото: Unsplash

Од кожата на главата до прстите има многу места на телото на кои не обрнуваме доволно внимание. Време е да го смениме тоа!

Иако има совршена смисла ракот на кожата да „напаѓа“ делови од телото кои се најмногу изложени на сонце, како што се лицето, рацете, градите и нозете, тоа не значи дека остатокот од телото не е во опасност .

Всушност, ракот на кожата може да се формира на кој било дел од телото, предупредуваат дерматолозите. Најголемиот фактор на ризик е секако изложеноста на штетни сончеви зраци, но на појавата на рак на кожата влијаат и возраста, генетиката и семејната историја на болеста.

Сето ова значи дека делови од телото кои не се изложени на сонце можат да бидат засегнати од рак на кожата. Еве на што да обрнете внимание:

Скалпот

Сама косата не е доволна заштита од штетното УВ зрачење, особено ако имате тенка и светла коса. Носете капи кога сте на сонце, а доколку не ги сакате, ставете заштитен спреј за сончање на скалпот.

Дланки и стапала

Стапалата и рацете се изложени на сонце многу повеќе од остатокот на телото. Обрнете внимание и прегледајте ги овие делови од телото и не заборавајте да ставите крем со заштитен фактор.

Прсти на рацете и нозете

Меланомот може да се скрие на овие места, а најчесто нив не им обрнуваме никакво внимание. Кога ставате крем, не заборавајте да го нанесувате и на прстите на рацете и на нозете.

Очни капаци

Околу 10% од карциномите на кожата се формираат на очните капаци, велат експертите. Затоа, не заборавајте да ставате крема за сончање со заштитен фактор, да носите очила за сонце и капа кога сте на сонце.

Областа помеѓу прстите

Веројатно никогаш не ви паднало на памет да ја проверите кожата помеѓу прстите на рацете и нозете. Сепак, таму може да се формира поголем и поагресивен меланом отколку на кој било друг дел од телото. Од време на време проверете ја кожата помеѓу прстите.

Гениталии

Иако овие делови од телото не се особено изложени на сонце (освен ако не сте нудисти), клетките на ракот, поврзани со вирусот ХПВ , се развиваат токму тука. Проверете дали има промени на кожата на овие делови од телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот