Меланија Трамп со причина доминира на модната сцена: Бел фустан и цветен мантил кои секоја жена би ги посакала! (ФОТО)

Уште една потврда зошто првата дама на Америка ја носи титулата модна икона.

После неколку еднобојни, да не кажеме монотони комбинации, првата дама на Америка, Меланија Трамп повторно воодушеви кога станува збор за модата.

Убавата Словенка со својот сопруг Донал Трамп беше на Флорида, каде што ги поминаа велигденските празници.

Меланија одлучи на нивното омилено место да отпатува во топ пролетна дневна комбинација, па за таа прилика облече бел фустан до колена, преку кој, во свој стил, префрли преубав пролетен цветен мантил.

Едноставната, но многу впечатлива комбинација ја заокружи со салонки на високи потпетици во пастелно портокалова боја, која оваа пролет е апсолутен тренд.

Дали би ја ископирале оваа комбинација на Меланија Трамп?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот