Меланија Трамп и Кејт Мидлтон ги прошетаа пролетните зелени фустани: Чиј модел е поубав?

Првата дама на Америка и Војвотката од Кембриџ ги прошетаа своите пролетни фустани…

Меланија Трамп (49) и Кејт Мидлтон (37) се појавија на два различни настани во слични пролетни фустани.

Имено, Меланија и Доналд Трамп во Белата куќа организираа дружење со претставници од разни религиозни заедници, а за таа прилика првата дама на Америка избра елегентна зелена креација од новозеландската дизајнерка Емилија Викстид.

Креацијата има ремен околу половината, додека Меланија својот стајлинг го зачини со пролетни шарени чевли на висока потпетица од Кристијан Лобутин.

Од друга страна, Кејт неодамна при посетата на лондонскиот центар „Ана Фројд“ исто така одбра зелен фустан. Но за разлика од Меланија овој модел имаше долги ракави и немаше дополнителен ремен околу половината.

Што се однесува до обувките, Кејт се одлучи за поедноставни салонки и писмо торбичка со иста боја.

Фустанот исто така носи потпис од Емилија Викстид, една од омилените модни дизајнерки на Војвотката од Кембриџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот