Меланија без грешка! Прекрасниот фустан и широката насмевка ги воодушевија присутните! (ФОТО)

profimedia

Првата дама на Америка овој пат во малку полежерно издание…

Иако секогаш елегантна од глава до пети, во скапоцени материјали и дизајни со потпис, Првата дама на Америка, Меланија Трамп овој пат успеа да го изненади цел свет, со изборот на прекрасен тексас фустан во кој се појави на забавата која претседателскиот пар ја приреди во дворот на Белата куќа.

profimedia

Првата дама покажа дека тексас одлично и стои и дека облеката од овој популарен материјал може и тоа како да пројде и за службени случувања. А широката насмевка која овој пат ја покажа, одлично и одговараше со лежерниот изглед.

Нормално, ниту овој пат не станува збор за фустан без потпис, а ова одлично издание во темен тексас е потпишано од познатата новозеландска дизајнерка Емилија Викстед, а на пазарот може да се најде по цена од 1,195 долари.

Позната е и по тоа што нејзините креации со задоволство ги носат и двете славни членки на британското кралско семејство, војвотките Kејт Мидлтон и Меган Mаркл.

Ова малку необично издание на Првата дама многумина веќе го пофалија и нагласија дека совршено и одговара со широката насмевка, но и беспрекорниот избор на чевли.

Нормално, и овој пат го избра својот омилен дизајнер за чевли, Кристијан Лобутин. Чевлите уште повеќе го нагласуваат тексас фустанот, кој мора да признаеме, неверојатно добро изгледа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот