Веднаш стана хит: Погледнете каква маска за лице носи ѕвездата на „Сам дома“ (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Сите се сеќаваме на американскиот актер Меколи Калкин по улогата на Кевин Мекалистер во филмот „Home Alone“. Тој филм никогаш не може да исчезне од нашата меморија, а очигледно и од неговиот живот што е доказ неговата нова фотографија на неговиот инстаграм-профил.

Фото: Профимедиа

Славниот актер го привлече вниманието на своите фанови со својата последна објава на својот инстаграм профил. Имено, тој беше фотографиран со заштитна маска која има посебен изглед. Секако,  има врска со филмот „Home Alone “.

Само за да останам безбеден, носејќи ја излупената кожа од моето помладо јас. Не заборавајте да ги носите вашите маски, деца – напиша Меколи во свој стил.

Погледнете како изгледа неговата заштитна маска:

Фото: Инстаграм

Маската на Меколи е инспирирана од неговата реакција во улогата на Кевин Мекалистер во „Home Alone“ кога дознава дека сите заминале од куќата и го оставиле сам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот