Израелски напад врз ИранEPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Мекој: Израел ги информираше САД дека нападот бил неопходен

Високиот функционер на Стејт департментот, Пит Мекој, изјави дека Израел однапред го известил Вашингтон дека нападите што ги започна против Иран претходно денес биле „неопходни за негова самоодбрана“.

„Секоја суверена нација има право да се брани и Израел не е исклучок“, рече Мекој за време на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој се дискутираше за конфликтот меѓу Израел и Иран, објави „Тајмс оф Израел“.

Мекој ја повтори изјавата дадена претходно денес од американскиот државен секретар Марко Рубио, кој рече дека Вашингтон не е вклучен во израелскиот напад и дека последиците врз Техеран ќе бидат катастрофални доколку Исламската Република возврати на американските интереси или персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот