Мекгрегор се соочува со затворска казна од шест месеци! (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ шампион удрил недолжен човек во ирски паб откако одбил да го испие неговото виски.

Од претходно веќе се знаеше за ваквиот инцидент, но британските медиуми информираат дека Мекгрегор ќе мора да се соочи со органите на законот.

Сега Мекгрегор ќе треба да се појави на суд на 11 октомври, а во најлош случај може да помине во затвор 6 месеци и да плати казна од 1.500 евра, што е максимална можна казна за вакво дело.

Конор се обидел да ја среди ситуацијата со извинување, но тешко дека ќе помине само со тоа.

– Навистина не е важно што се случило. Едноставно згрешив – изјави пред одреден период борецот.

Ова не е прв хулигански чин од страна на Ирецот, кој повеќе неколку пати бил вмешан во скандали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот