Лудиот Мекгрегор, не го сакаш моето виски, тогаш ќе добиеш ќотек (ВИДЕО)

Најпознатиот ММА борец, Конор Мекгрегор повторно се најде во центарот на вниманието со своето скандалозно однедсување. Поранешниот УФЦ шампион удрил недолжен човек во ирски паб откако одбил да го испие неговото виски.

Снимките од инцидентот на кои се гледа како Мекгрегор удира постар човек се појавија денеска, и на нив се гледа агресивното однесување на Мекгрегор откако постариот човек одбил да го испие неговото виски.

Според извори од полицијата, има две причини за агресивниот испад на ММА борецот. Постадиот господин го провоцирал Мекгрегор со зборовите дека му е мило што загубил во последната борба од Хабиб Нурмагомедов, а втората е што не сакал да го испие вискито „Proper Twelve“ кое го произведува токму ирскиот борец, со порака дека е со слаб квалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот