Мекгрегор едвај чека да се врати во рингот, „каубојот“ ладен како мраз! (ВИДЕО)

фото: твитер

Тензија и напнатост пред враќањето на Конор Мекгрегор во рингот расте секојдневно. Љубителите на УФЦ борбите едвај го чекаат камбекот на Ирецот во рингот.

Официјално заврши мерењето можете да го погледнете од 05:00 мин. на видео записот, ривал на Мекгрегот ќе биде Доналд Серон (САД) или популарниот „Каубој“.

Во ноќта помеѓу сабота и недела ќе се одржуваат борбите на настанот УФЦ 246, а според најавите во 06.00 часот наутро по средноевропско време во „Т-Мобајл“ Арената во Лас Вегас е закажана битката помеѓу Мекгрегор и Серон.

Последната борба ирскиот натпреварувач ја имаше против Нурмагомедов и поразот во октомври 2018. година.

Само од борбата Мекгрегор ќе инкасира три милиони долари, додека на Американецот му следуваат иницијални 200.000 плус исто толку доколку триумфира.

Пред оваа битка Мекгрегор влегува со учинок од 21 победа и четири порази, додека „Каубојот“ има 36-13 со два порази во низа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот