Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

„Нула толеранција“ за законот за легализација на дивоградби, кој според Нагањим Мехмети од Еко Герила е резултат на политичката зделка меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски. Мехмети во своето гостување во емисијата „200“ рече дека невладините организации побарале од претседателот на државата да не го донесува законот.

„Нулта толеранција, со ова сакаме да ја дадеме пораката како еколошка организација за овој закон,  очигледно тој произлегува од политичката зделка меѓу премиерот и претседателот на македонската опозиција, каде на скандалозен начин, со овој закон се прави флагрантно кршење на Уставот. Од една страна, се крши принципот на владеење на правото, а од друга страна, не се земени предвид влијанијата што ќе ги имаат врз заштитата на животната средина и планирањето на просторот. Ние како организација испративме писмо до претседателот дека треба да го искористи своето уставно право, всушност да биде чувар на Уставот и да стави вето на овој закон“, рече Мехмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот