Меган Фокс разголена на насловната на „GQ Style“: за борбата со телесна дисморфија и наоѓањето на својата сродна душа во Машин Ган Кели

меган фокс машин ган кели
Фото: Принтскрин / Instagram

Меган Фокс и Машин Ган Кели важат за најновата моќна и жешка двојка на денешницата – својата „најтемна бајка“ ексклузивно и екстензивно ја раскажаа за насловното интервју на „GQ Style“, надополнето со контроверзна и провокативна фотосесија.

Интелигентна актерка која заради својата неизмерна убавина ќе биде третирана како „порно ѕвезда“ и низ целата кариера ќе се чувствува омаловажено. Бунтовен актер, сценарист и рап-преминат-во-рок артист кој заради своето минато ќе делува агресивно и мрачно. Прв пат ќе се сретнат година претходно, но взаемно нема да си ги запаметат ликовите, како фантоми на љубовта кои ќе се сретнат токму кога ќе треба да се сретнат – и ќе бидат подготвени да бидат еден со друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ Style (@thegqstyle)

Приказната ја раскажаа за новинарот на „GQ Style“ преку целодневно искуство во нивниот свет. Патешетсвието ќе започне со контроверзна фотосесија, на која Меган е полуразголена облечена само во црн топ од Зана Бејн кој едвај го покрива нејзиното деколте, надополнето само сребрен накит од Витали. А пропос уметночкото име на нејзиното момче, Меган вперува пиштол кон неговите гениталии, но Кели во сосема опуштен рокерски стил во неговите Рик Овенс јакна и високи чизми ѝ дозволува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ Style (@thegqstyle)

Фигурата на Меган, за која таа во интервјуто ќе се отвори дека се бори со телесна дисморфија, запрепастува и на друга фотографија каде таа се појавува само во сребрен корсет од Ритуал, разголена од половина надолу, додека Кели е прекриен со сребрено пердувесто палто од Долче&Габана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ Style (@thegqstyle)

Двајцата ќе раскажат за своите несигурности, животни борби и депресии, за родителствувањето на нивните деца од претходните врски, неприфаќањето и откажувањето, и ќе признаат дека заедничката врска за нив било препознавање и подршка за продолжување со животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ Style (@thegqstyle)

Машин Ган Кели ќе раскаже како никогаш низ својот живот не бил сведок на постоење на љубов, израснат во сиромаштија и дисфункционално семејство, и ова е прво вистинско искусување на љубовна приказна и конекција со друг. Токму Меган ќе ги стиши неговите демони и ќе го донесе несоперлива инспирација за музика со која Кели ќе го заврши новиот албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ Style (@thegqstyle)

Меган Фокс ќе признае дека конечно се чувствува слободна да биде своја, нешто што го потиснувала низ целиот период на слава и турбуленции во приватниот живот. А Кели е личноста во која се препознала и видела рефлексија на својата душа, иако се препуштила без надеж дека повторно ќе најде љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ Style (@thegqstyle)

Најдоброто, велат, е тоа што не се заедно за да се поправат еден со друг, туку се само двојка која пронашла волја заедно да се борат со темнината. Интервјуто ќе го одбележат со тетоважи кои ќе ги направат еден на друг, пред новинарката Моли Ламберт, на кои пишува „Најтемната Бајка“ – прва тетоважа за Меган, но прва од многуте која е со значење за Кели. Совршени партнери во „злосторство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот