Меџити: Македонија нема друг пат освен европскиот, мора да најдеме начин да го убедиме ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

За да влезат Бугарите во Уставот, што е услов за за да продолжат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, ние мораме да најдеме начин да ги убедиме ВМРО-ДПМНЕ да влезат во тој процес, затоа што без нив нема 80 пратеници во Собранието, изјави претседателот на Демократско движење и претставник на здружената опозиција на Албанците, Изет Меџити

Според Меџити, Македонија нема друг пат освен европскиот, а во поткастот „Политиканти“ најави победа на здружената опозиција од албанскиот блок.

„Сега сме посветени на форматирање на опозицискиот блок, и она што е најважно да победиме во албанскиот кампус. И не сакаме да бидеме дел од некоја влада како губитници, туку како победници, како луѓе со легитимитет. Убеден сум дека ќе победиме, тоа го кажуваат и анкетите“, додаде тој.

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Изет Меџити: Ние во Влада ќе влеземе како победници, а не како губитници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот