ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Изет Меџити: Ние во Влада ќе влеземе како победници, а не како губитници

Изет Меџити, претседател на Демократско движење, една од партиите од албанскиот етнички блок, кој настапува како опозиција заедно со коалицијата други партии наречена „Вреди“, е  гостин во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Прво, Сашо Орданоски и Борјан Јовановски се обидуваат да ја „демонтираат“ урбаната легенда дека Изет Меџити се шета со штрафцигер во џебот. И двајцата не ги бидува за мајсторски дејности, ама не се лоши во мајсторијата да извлечат од соговорникот ама баш сè што ги интересира. А и нас, ама не сме слушнале досега.

Дали знаевте дека недоразбирањата меѓу т.н. Огнени и Ахмети траеле 10 години, далеку од очите на јавноста? Како се случи, преку ноќ, по изборите во 2016 година, на состанок во Мала Речица ДУИ сепак да реши да коалицира со Заев, а не со Груевски, прекршувајќи го со тоа Мајскиот договор? Што превагна да се прави влада со Заев, а не со Груевски – интереси или идеологија? Кои беа за влада со Заев, а кои преферираа да останат со Груевски? Кој го излажа Груевски дека ДУИ ќе формира влада со него? – јасно, со име и презиме раскажува Изет Меџити во поткастот „Политиканти“.

Како и зошто ДУИ стана и е најголема логистика на Груевски? – Меџити детално објаснува за ова и за меѓусебните интереси. Како ДУИ ги презеде бизнисите на ВМРО-ДПМНЕ?

Ако победи ВМРО-ДПМНЕ, како коалицијата на опозициски партии од албанскиот блок ќе преговара со Мицскоски – ќе има ли услови или тоа ќе биде безусловно доаѓање на власт за да се урне ДУИ?

За ова и многу повеќе во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“ на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот