Меџити ги повика хирурзите да работат викенди без надомест за да се намали листата на чекање

хирург операција
Фото: Профимедиа

По примерот на колегите од Ниш, министерот за здравство Фатмир Меџити ги повика и македонските хирурзи да изведуваат операции за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции.

Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица, вели Меџити.

Во одговор на новинарско прашање за оваа проблематика, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), д-р Александар Трајановски посочи дека се свесни за големиот број пациенти кои чекаат замена на вештачко колено или замена на колк, но сепак наоѓаат простор колку што може и колку што им дозволуваат условите.

Реално, имаме три операциони сали, прва и втора смена, со цел да се намали таа листа на чекање. Листата е голема. Факт е тоа, но сепак, еве во консултација и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци за да се импланира вештачко колено. Не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе, сепак има листи на чекање ама мислам дека имаме направено добар систем на Ортопедија и дека пациентите ја добиваат услугата, изјави д-р Трајановски.

На прашањето за лифтовите на Ортопедија, директорот на ТОАРИЛУЦ изјави дека лифтовите и одржуваат и сервисираат заеднички служби, а министерот Меџити потенцираше дека воопшто не ги сака тие служби.

Тие се загубари од 20 милиони евра и не се знае што работат, изјави Меџити и најави дека ќе ги разреши, а таа информација е доставена и до Владата.

Неверојатно: Нишките кардиохирурзи работеа 100 дена и 12 викенди по ред, за да ја скратат листата на чекање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот