Медведев му одговори на Шолц: Европејците ќе плаќаат по 2.000 евра за кубик гас

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

„Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2″. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас”, напиша поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев на Твитер, пренесен од руските медиуми.

Шолц претходно денеска објави дека Германија презела чекори за запирање на процесот на сертификација на гасоводот „Северен тек -2″, како одговор на последните чекори на Русија во Украина, со признавањето на двата сепаратистички региона за независни држави.

Доаѓаат првите последици за Русија: Шолц го стопираше Северен тек 2

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот