Медведев до Хашкиот суд: Сакате да му судите на претседател на нуклеарна сила, последиците ќе бидат монструозни

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела издаде налог за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), покрај Путин, издаде и налог за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, по истите обвиненија за нелегална депортација на украински деца.

Судиите на претходна постапка на МКС оценија дека постојат „разумни основи да се верува дека двајцата осомничени сносат одговорност за военото злосторство илегална депортација на населението и незаконско префрлање на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација, на штета на украинските деца“.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Владимир Путин ќе има сериозни последици за меѓународното право.

„Тие одлучија да му судат на претседателот на нуклеарна сила што не учествува во МКС по истите основи како САД и другите земји. Последиците за меѓународното право ќе бидат монструозни“, напиша Медведев на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот