профимедиа

Медицинска сестра од Британија предупредува на најраниот знак на вирусот: Пред кашлицата и температурата се појавува овој симптом!

Медицинската сестра детално ги опишува сите симптоми кои ги имала. Во нејзиниот случај тоа изгледало вака…

Лиса е медицинска сестра од Велика Британија која успешно се избори со коронавирусот. Таа поминала со поблага форма на овој вирус и вели дека имала температура и сува кашлица кои траеле речиси две недели. Ниту симптомите како што се мачнина и омалаксаност не ја заобиколиле, пишува весникот Express.

Меѓутоа неколку дена пред овие на сите добро познати симптоми, се појавила и болка во мускулите и зглобовите. „На почетокот си помислив дека станува збор за замор и дека таа болка е последица на премногу работење и долго стоење“.

Лекарите и многу истражувања покажаа дека токму болката во овие делови од телото се јавува пред вирусот комплетно да ве нападне.

„Бевме на едно предавање и откако се вратив дома почувствував помали болки во зглобовите. Тоа беше петок. Следниот ден болките беа поинтензивни, имав чувство како некој да ме боцка со игла во мускулите и тогаш се посомневав на обичен грип. Во недела кога состојбата ми стана полоша започнав да чувствувам вртоглавица, отидов на преглед и резултатите за коронавирус беа позитивни“.

„Доколку чувствувате болки во зглобовите и мускулите, а за нив не постои оправдана причина, најдобро е да се изолирате од останатите во домот со цел да не ги загрозите“, порача таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот