Медицинска сестра од Германија осомничена поради мешање на вакцините со солен раствор

Вакцина /Фото: EPA-EFE/SHAHZAIB AKBER

Властите во северна Германија им соопштија на граѓаните повторно да се вакцинираат откако полицијата дозна дека медицинска сестра од Црвен Крст во нив ставала солен раствор, пренесува Гардијан.

Медицинската сестра е осомничена дека со тие вакцини ги вакцинирала луѓето во болницата во Фрајсленд, рурална област во близина на брегот на Северното Море.

„Тотално сум шокиран“ напиша Свен Амброси, локален советник, на својот Фејсбук профил.

Ваквата вакцина ја примиле преку 8,600 луѓе.

Иако вакцината со солен раствор е безопасна, многу од луѓето кои се вакцинирале во март и април во Германија, се постари лица и имаат повисок ризик од заболување со Ковид-19.

Мотивот на медицинската сестра, која остана неименувана, не е познат, но според полицијата таа во минатото ја изразила својата скептичност за вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот