„Ме кријат ПОЛОВИНА ВЕК за да избегнат СКАНДАЛ“ – Овој човек тврди дека е ВОНБРАЧНО ДЕТЕ на принцот Чарлс и Камила Паркер (ФОТО)

Инженерот од Австралија со име Сајмон Дорант Деј (53), тврди дека е вонбрачно дете од принцот Чарлс и Камила Паркер и како што вели тоа сака да го докаже пред Врховен суд.

Сајмон е роден во Госпорт, во близина на Портсмут во април 1966-та година. Кога имал само 18 месеци го посвоиле Британците Карен и Дејвид Деј. Сајмон е убеден дека на посвојување го дала тогаш 18-годишната Камила.

профимедиа

„Мојата баба Винифред која тогаш работеше за кралицата, ми кажа отворено дека јас сум син на Чарлс и Камила. Некој ја коментираше структурата на мојата вилица и ми кажа дека е иста како кај кралицата. Косата ми беше како косата на Камила“ – тврди Сајмон и вели дека тој ќе биде „најексплозивната работа која некогаш му се случила на кралското семејство“.

Исто така, тој вели дека наместо сите да се занимаваат со Хари и Меган, треба малку да стравуваат од него!

Доколку она што го тврди Сајмон е вистина, тоа значи дека бил зачнат кога Чарлс имал 17 години, а Камила 18 години – што е спротивно од приказната на Чарлс и Камила дека се запознале во 1970-те години.

Сајмон себеси се нарекува „принцот Сајмон“ и тврди дека за него би се дознало доколку принцезата Дајана не починела.

Publiée par Simon Charles Dorante-Day sur Lundi 5 août 2013

 

 

Верувам дека Дајана знаела дека постојам и дека и тогаш сфатила што навистина се случува. Мислам дека стигнала до точка кога пронаоѓала се повеќе одговори за сопствениот живот, за тоа какво зло ѝ е направено и секако дека имала намери да го објави сето тоа“ – самоуверено изјавил „принцот Сајмон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот