Килијан Мбапе/ EPA/VILLAR LOPEZ

Мбапе почнал да полага за возачка дозвола, инструктор му е навивач на еден од најголемите ривали на Реал Мадрид

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе предизвика реакции во мадридската населба Алкоркон, откако се дозна дека токму таму полага возачки испит.

Според шпанските медиуми, напаѓачот на Реал Мадрид часовите за возење Мбапе ќе ги помине во малата автошкола во јужниот дел на Мадрид. Жители наводно Алкоркон останале во изненадени кога минатата недела го виделе како излегува од автошколата и седнува во возило за обука.

Изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека станува збор за еден од најплатените фудбалери во светот, кој во својата гаража поседува вистинска флота луксузни автомобили. Шпанските медиуми наведуваат дека вредноста на автомобилот во кој полага е приближно еднаква на цената на еден бандаж од некое возило од неговата колекција кој го користи преку спонзорски договор.

Интересно е што Мбапе досега немал возачка дозвола, па на тренинзи и натпревари најчесто бил возен од други лица, а тоа наскоро би можело да се промени.

Дополнително внимание предизвика фактот што неговиот инструктор по возење е навивач на градскиот ривал Атлетико Мадрид. Така, една од најголемите ѕвезди на Реал ги прави своите први возачки чекори со поддршка од симпатизер на лутиот противник.

Според весникот „Марка“, Мбапе по пристигнувањето во автошколата уредно ги наместил ретровизорите, го врзал појасот и ја започнал обуката, но брзо станало јасно дека неговиот инструктор е страстен навивач на Атлетико. Во истата улица се наоѓа и рибарница чиј сопственик, исто така, навива за Атлетико, па францускиот напаѓач морал да ги поздрави и локалните трговци кои не се наклонети кон неговиот клуб.

Откако веста се прошири на социјалните мрежи, автошколата беше преплавена со повици и пораки. Исто така навивачи на Реал оставале дресови од Мбапе со цел тој да ги потпише кога ќе биде во можност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот