Мажот кој се закануваше со бомба во зградата на украинската Влада е уапсен

Киев, Украина /Фото: Anna Marchenko / TASS / Profimedia

Уапсен е мажот кој се закануваше дека ќе активира бомба во седиштето на Украинската Влада.

Првично не беше јасно зошто влегол во зградата.

„Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде“ рекол човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата, според видеото што кружи на интернет.

Чуварот повикал полиција, по што веднаш пристигнале припадници на специјалните сили.

Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години.

Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и дека бил деминер во доброволната единица Ајдар.

ВИДЕО: Драма во Киев – Маж внел бомба во зграда на владата, се заканува дека ќе ја активира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот