Полиција на Хаваи / Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Маж се изјасни за виновен за убиство на Хаваи откако си ја убил љубовницата и ѝ го забетонирал нејзиното тело во када

Хуан Теједор Барон вчера се изјаснил за виновен за убиство, околу две години откако телото на неговата љубовница било пронајдено зацементирано во када во дом во една од најексклузивните населби на Хаваите.

Барон, кој сега има 25 години, се изјасни за виновен за убиството на Гери Руби (73). Со оглед на тоа што тој ја призна вината, обвинителите како дел од спогодбата нема да бараат казна доживотен затвор без можност за условно ослободување, туку препорачуваат казна од најмалку 20 години, пишува АП.

Според судските документи, Барон ја убил Руби, го покрил нејзиното тело со цемент и планирал со измама да ја преземе сопственоста на нејзиниот автомобил и дом во населбата Лоа Риџ на Хаваите. Евиденцијата за имотот покажува дека Руби го купила домот во 2020 година за речиси 2,2 милиони долари.

Во март 2022 година, полицијата го ископала телото на Руби од кадата. Во последниот мејл до својот брат, 73-годишната напишала дека запознала нов љубовник кој се вика Хуан и кој е многу помлад од неа. По убиството, Барон го покрил цементот со талог од кафе за да ја маскира смрдеата што доаѓала од телото во распаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот