Маж престојувал во хотел со 5 ѕвезди цели 603 дена без да плати

Илустрација - маж пристигнува во хотел / Фото: OLIVE / Olive images / Profimedia

Менаџментот на еден престижен хотел во Делхи, Индија обвини гостин дека престојувал во една од нивните соби цели две години, без да плати за престојот, пишува „Индија тајмс“.

Хотелот со пет ѕвезди „Роузејт хаус“, лоциран близу Меѓународниот аеродром „Индира Ганди“, поднесе пријава во која се тврди дека имале парична загуба од речиси 65.000 евра. Мажот, идентификуван како Анкуш Дута, престојувал во хотелот цели 603 дена, услуга која вкупно чинела речиси 65.000 евра, но се одјавувал од местото без да плати за престојот.

Хотелот го обвини еден од своите вработени за оваа измама. Според наводите, менаџерот на рецепцијата, Прем Пракаш му дозволил на човекот да остане толку долго во хотелот, кршејќи ги хотелските правила. Инаку, Пракаш бил овластен да одлучува за цените на собите и имал пристап до компјутерскиот систем на хотелот за да ги следи плаќањата на сите гости.

Според менаџментот на хотелот, Пракаш можеби добил одредена сума во готовина од Дута затоа што му дозволил да престојува во хотелот, со манипулирање на компјутерскиот систем.

Инаку, Дута првпат пристигнал во хотелот на 30 мај 2019 година и резервирал соба за една вечер. Тој требало да се одјави следниот ден, на 31 мај, но го продолжувал својот престој сѐ до 22 јануари 2021 година.

Гостинот се послужил со неколку трикови за да остане подолго во хотелот. Тој напишал неколку чека од 11.000 евра, 8.000 евра, 22.000 евра, но на неговата банкарска сметка немало толку средства.

Според правилата на хотелот, доколку гостите не платат во рок од 72 часа, треба да бидат известени извршниот директор и финасискиот контролор. Сепак, Пракаш не ги известил за ситуацијата со Дута.

Како што стои во пријавата, Пракаш не направил никаков извештај за заостанати плаќања од 30 мај 2019 година до 25 октомври 2019. Дури и кога го креирал извештајот за ненаплатени плати по 25 октомври, тој го фалсификувал со клабирање на нерешени сметки на други неповрзани гости во еден сметка со мотив да ги камуфлира долговите на проблематичниот гостин.

Хотелот побара строга правна постапка против виновниците бидејќи „извршиле кривични дела, криминално нарушување на довербата, мамење и фалсификување сметки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот