Маж и жена испиле смртоносен коктел од лекови: Тој починал, таа преживеала, а потоа животот ѝ се претворил во ПЕКОЛ! (ФОТО)

Фотографија: Facebook

Денис (81) и Мавис Еклестон (80) одлучиле да умрат заедно кога ракот, од кој боледувал Денис, влегол во последната фаза.

Поради таа причина тие испиле мешавина од лекови и Денис починал, но лекарите ја спасиле Мавис која што потоа била обвинета за убиство на сопругот.

Парот бил во брак 60 години и имаат три деца. Во прошталното писмо долго 14 страни, напишале дека се одлучиле да си ги „скратат“ животите поради лошото здравје, злоставување и карање со комшиите.

Семејството тврди дека полицијата ја малтретирала Мавис во затворот, а нејзиниот син Кевин вели дека полицискиот началник му рекол како ќе направи „пример“ од неговата мајка.

https://www.facebook.com/Joy.Munns.Eccleston/posts/10217578131618591

Мавис на суд изјавила дека на денот кога тие го испиле смртоносниот коктел, нејзиниот сопруг поради болките „викал како рането животно“ и дека тогаш се договориле како сето тоа ќе заврши.

„Ме молеше да му помогнам да умре и ми даде точни упатства како да го направам тоа. Му реков дека ако навистина одлучил тоа да го направи, одам и јас со него. Мојот живот е ништо без него и воопшто не ми беше гајле дали ќе продолжам да живеам. Да ме замоли Денис денес повторно, пак би го направила истото. Сакав да бидам со својот сопруг“, раскажала таа.

Нивната ќерка Џој се избори за слободата на мајка си на судењето кое траеше две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот