Маскота почина во забавен парк во Јапонија носејќи костум тежок 16 килограми

Во забавен парк во Јапонија почина маскота играјќи во костум тежок дури 16 килограми, објавија тамошните медиуми.

Маскота во забавен парк во Јапонија почина играјќи во костум тежок 16 килограми. Јохеи Јамагучи, кој бил во улога на маскота на еден забавен парк во Осака, Јапонија, починал во неделата откако играл облечен во костумот повеќе од 20 минути.

Тој работел како хонорарен работник во паркот Хираката, каде температурите достигнале до 33,2 степени Целзиусови во неделата.

28-годишниот работник, наводно, се онесвестил откако танцувал 20 минути за време на пробата облечен во костимот.

Поради трагедијата, паркот Хираката ги откажал сите настани во кои се вклучени маскоти со слични костуми закажани за летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот