Илон Маск Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Отфрлена е тужбата на Маск против „ОпенАИ“

Порота на суд во Калифорнија ја отфрли тужбата на Илон Маск против организацијата творец на „Четџипити“, „ОпенАИ“ и нејзиниот извршен директор Сем Алтман. Со едногласна одлука, случајот бил отфрлен бидејќи Маск ја поднел тужбата по истекот на законскиот рок, пишува Би-би-си.

Маск го обвини Алтман за прекршување на договорот за непрофитна организација, тврдејќи дека „ОпенАИ“ е претворена во профитна компанија откако тој ѝ донирал 38 милиони долари.

Според тужбата, Алтман го измамил да ја прифати донацијата, само за потоа да „се откаже од првичната мисија на „ОпенАИ“, која е да развива вештачка интелигенција во корист на човештвото“.

За време на тринеделното судење, поротниците разгледаа интерна кореспонденција и слушнаа сведоштва.

Меѓу сведоците беа Маск и Алтман, како и извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, кого Маск го обвини и за учество во наводната измама. Пресудата беше донесена по приближно два часа одлучување.

Со оглед на одлуката на поротата во случајот против „ОпенАИ“, тврдењата на Маск против „Мајкрософт“ исто така беа автоматски отфрлени.

Маск и Алтман го основаа Опен АИ во 2015 година, но Маск ја напушти компанијата во 2018 година откако неговите коосновачи одбија да му ја отстапат целосната контрола.

Маск најави дека ќе ја повлече понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот