Маск го гледа спасот од ботовите во воведувањето на претплата за сите корисници на Икс

Твитер - Илон Маск - Ботови/ Фото Слободен печат Колаж/ ЕПА

Илон Маск сугерира дека сите корисници на Икс, порано позната како Твитер, можеби ќе треба да платат за пристап до платформата.

Во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, милијардерот рече дека системот за плаќање е единствениот начин да се спротивстави на ботовите.

„Се движиме кон тоа да имаме мала месечна исплата за користење на апликацијата“, рече шефот на Тесла.

Не е јасно дали ова е само предлог или пак е сигнал за поцврсти планови кои допрва треба да се објават. Маск долго време вели дека неговото решение за ослободување од ботови и лажни профили на платформата за социјалните медиуми е најдобро преку наплаќањето за верификација.

Откако го презеде Твитер минатата година, тој се обидуваше да ги поттикне корисниците да платат за подобрена услуга, која сега се нарекува Икс Премиум. Ова е направено со давање повеќе функции на платените претплатници, како подолги објави и зголемена видливост на платформата. Сепак, корисниците во моментов сè уште можат да го користат Икс бесплатно.

Иако постои јасен финансиски интерес компанијата да им наплаќа на корисниците, Маск инсистира на тоа дека таквиот потег ќе му направи услуга во битката со ботовите.

Икс Премиум моментално чини 8 долари месечно во САД. Цената се разликува во зависност од тоа во која земја е претплатникот. Најбогатиот човек на светот изјави дека сега бара поевтини опции за корисниците.

„Ние всушност ќе излеземе со пониски цени. Затоа сакаме тоа да биде само мала сума на пари. Ова е подолга дискусија, но според мене, ова е всушност единствената одбрана од огромните армии на ботови“, рече тој.

Сепак, ризикот е дека со ставање на Икс зад платниот ѕид може да изгуби голем дел од своите корисници. Тоа, пак, може да ги намали приходите од рекламирање, кои во моментов претставуваат огромно мнозинство од приходот на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот