Илон Маск - Извор Youtube - принтскрин

Маск: Америка ќе банкротира, спасот го гледам единствено во ВИ и роботите

Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, предупреди за експлозија на јавниот долг на САД, велејќи дека финансискиот колапс на Соединетите Американски Држави е неизбежен ако вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, земјата 1.000 % ќе банкротира, објавиjа американските медиуми.

Според него, не постои алтернативно решение што би можело да ги стабилизира јавните финансии.

Маск тврди дека единствениот реалистичен излез од должничката криза е да се обезбеди време за широка примена на вештачка интелигенција и роботи, со цел да се намали товарот на долгот преку зголемена продуктивност и економска активност. Без овој технолошки моментум, предупредува тој, САД би можеле да западнат во финансиски колапс пред новите технологии дури и да се развијат.

 

Вештачката интелигенција и роботиката како единствен излез од должничката спирала

Маск бил прашан зошто, и покрај неговото верување во технолошкиот раст, како раководител на Министерството за владина ефикасност на САД силно инсистирал на намалување на буџетските расходи. Маск одговорил дека таков пристап е неопходен поради широко распространетото расипништво и измами во рамките на државниот апарат.

Тој изјавил дека јавниот долг на САД моментално изнесува околу 38,5 трилиони долари, додека годишните трошоци за камати веќе го надминале воениот буџет на САД, како и расходите за одредени клучни социјални програми.

– Без вештачка интелигенција и роботи, навистина сме готови – повторил Маск, нагласувајќи дека тоа е единствениот механизам што може да ја промени фискалната траекторија на земјата на долг рок.

Тој изрази слични ставови и претходно, предупредувајќи дека масовната примена на вештачката интелигенција и роботиката може да доведе до силен раст на производството на стоки и услуги, но и до сериозна дефлација. Според него, ова би го решило проблемот со долгот, но би имало и нови макроекономски предизвици.

Реј Далио, основач на најголемиот хеџ-фонд во светот „Бриџвотер“, претходно предупредуваше за растечките ризици од долгот на САД. Далио верува дека САД влегуваат во таканаречена „должничка спирала на смртта“, во која новиот долг се користи за плаќање камата на веќе постоен долг. Сепак, за разлика од Маск, Далио не очекува формален банкрот, туку прибегнување кон печатење пари, што би довело до забрзано слабеење на доларот.

Падот на куповната моќ на американската валута е веќе видлив. Според податоците од Федералните резерви од Минеаполис, 100 долари во 2025 година вредат колку 12,06 долари во 1970 година. Во оваа пригода Маск претходно предупреди дека ако продолжи сегашниот тренд на раст на долгот, доларот на крајот ќе стане безвреден, наведува порталот Бенчмарк.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот