Масакр врз Друзите и христијаните во Свеида, 1.000 мртви и 87.000 раселени
Во само седум дена, Сирија повторно западна во еден од најбруталните циклуси на насилство по крајот на Асадовиот режим. Провинцијата Свеида, традиционално упориште на Друзите и христијаните, стана сцена на систематски масакр: над 1.000 убиени, десетици илјади раселени и сведоштва за етничко-религиозно чистење што меѓународната заедница речиси го игнорира, пишуваат светските медиумски куќи.
Препорачано
Масакар во Свеида: Малцинствата под удар
Конфликтот ескалираше со судири меѓу џихадистичките сили лојални на новиот претседател Ахмад ал-Шара (поранешен водач на ХТШ), бедуинските милиции со премолчена поддршка од Дамаск и локалните друзи, со вмешување на Израел и индиректна улога на САД.
Најмалку 262 Друзи се убиени, дел од нив егзекутирани на лице место. Над 87.000 луѓе ги напуштија домовите, додека независни организации пријавуваат тортура, вонсудски егзекуции и уништување на цели села.
Христијаните: Од мета на напади до исчезнување
Христијанската заедница во Сирија, некогаш со над 1,5 милиони жители, денес е сведена на околу 300.000. Само во првите месеци од 2025 година, се проценува дека 7.000 христијани и алавити биле убиени или протерани. Во јуни, бомбашки напад врз православна црква во Дамаск усмрти 25 верници.
Извештаи говорaт за сквернавење цркви, грабежи на домови и киднапирање, при што и деца се принудени да се кријат во урнатини. Нападите врз христијаните добиваат форма на систематска ликвидација – тивок, современ геноцид.
Друзите – истиснати меѓу фронтовите
Друските заедници, кои долго време одржуваа автономија, денес се под опсада. Брутални видеа покажуваат егзекуции, принудувања на луѓе да скокаат од згради и масовни убиства. Според Сириската опсерваторија за човекови права, најмалку 391 Друзи биле убиени, од кои 245 цивили.
Heartbreaking, Father Tony Boutros, representative of the Greek Catholic Church in Sweida, Syria, makes an appeal to the international community to save Christians and Druze from an Islamist genocide.
“We Christians and Druze are one. Look at the massacre they are committing… pic.twitter.com/DiBZLMBuze
— Dr. Maalouf (@realMaalouf) July 18, 2025
Израел и САД: Заштита или геополитика?
Израелски воени сили изведоа напади врз позиции на сириската армија, тврдејќи дека дејствуваат за заштита на Друзите. Убиени се најмалку 15 припадници на војската. Сепак, прекинот на огнот траеше само неколку часа.

Вашингтон се прикажува како посредник, но фотографии од Доналд Трамп со претседателот Ахмад ал-Шара, поранешен водач на џихадистичка организација, предизвикуваат жестоки реакции. Европските лидери, вклучувајќи го и Емануел Макрон, се појавија во јавноста со Ахмад ал-Шара– порано терорист, денес меѓународен партнер, забележуваат регионалните медиуми.
Распадната држава, никому важна
Сирија останува без функционална власт, распарчена меѓу фракции, окупатори и радикали. Со Свеида како симбол на колапсот, религиозниот идентитет станува причина за ликвидација.
Локалните водачи предупредуваат дека пасивноста на светот е всушност соучесништво во геноцид. Како и во Либија по падот на Гадафи, и тука следува хаос наместо „ослободување“. Малцинствата се исчезнати, а државата – избришана.


