Марковиќ е новиот напаѓач на Работнички

Фото: fkrabotnicki.com

Марковиќ треба да ја засили конкуренцијата во делот на нападот, воедно може да одговори и како офанзивен играч за врска.

Доаѓа од редовите на грчкиот клуб Каламата, младинскиот стаж го стекнал во српскиот клуб Партизан, а потоа гради и интернационална кариера.

Бил член на Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија има настапувано за Вождовац и за Радник.

Работнички в сабота од 18.00 часот ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Брегалница на Градскиот стадион во Штип.

Исто така уште еден млад и талентиран играч потпиша професионален договор со Работнички, станува збор за Борјан Пановски кој е промовиран во сениорскиот тим. Стави потпис на тригодишна верност кон клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот