Маркез се здобил со скршеница на раката во страшниот инцидент, нема да вози во Аргентина

Фото: EPA-EFE/NUNO VEIGA

Осумкратниот светски шампион, Марк Маркез нема да вози на трката за Големата на Аргентина поради скршеница на десната рака.

На трката за Големата награда на Португалија, возачот на Репсол Хонда предизвика инцидент откако удри во Мигел Оливеира кого го исфрли од трката.

Маркез целосно ја прифати вината за инцидентот и истакан дека се случил затоа што му се блокирало предното тркало, а не затоа што се обидел да престигнвуа од скоро невозможна позиција.

„Операцијата помина без компликации. Донесовме одлука да ја пропушти втората трка во сезоната, за целосно да се насочи кон опоравувањето и наредниот предизвик да го дочека во најдобра можна ситуација“, соопштија од тимот на Маркез.

Засега нема точен датум кога Маркез би можел да се врати на патеките, а првата прилика по Аргентина ќе биде трката во САД на 16-ти април

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот