ВИДЕО: Бањаја најдобар во Португалија – Маркез предизвика инцидент, па мораше да се извинува

фото: EPA-EFE/NUNO VEIGA

Возачот на „Дукати“, Франческо Бањаја триумфираше во првата трка од новата сезона во Мото ГП шампионатот во Португалија.

Бањаја забележа двојна победа викендов во Португалија, откако вчера славеше во спринт трката на патеката Алгарве.

На второто место се најде Маверик Вињалес од „Априлија“ со 0,687 секунди заостанување зад победникот. Трет низ целта помина Марко Бецеки со 2,726 секунди заостанување зад Бањаја.

Трката ја одбележа инцидент во кој Марк Маркез доцна закочи во свиок и дојде во контакт со Хорхе Мартин и Оливеира, а Оливеира падна и заврши на патеката. Поради овој инцидент Маркез се очекува да биде казнет за следната трка.

Маркез веднаш по трката им се извини на португалските фанови поради судирот со Мигел Оливеира. Шампионатот во Мото ГП продолжува со трката за ГН на Аргентина на 2 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот