Марка: Барселона одби 150 милиони евра за Ансу Фати!

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Пред три дена младиот суперталентиран играч и официјално е дел од првиот тим на каталонскиот клуб, со нова откупна клаузула од 400 милиони евра.

Ова лето Жозеп Бартомеу имаше големи планови, но поради кризата со коронавирусот, а потоа и лошите односи со Лионел Меси, истите не се реализираа.

Желбата беше да се ангажира Лаутаро Мартинез од Интер, но не беше постигнат договор, па така новиот тренер Роналд Куман ќе соработува со играчите кои ги има моментно во неговиот состав.

Ансу Фати (Барселона)/фото: твитер

 

Еден од фудбалерите на кои Барса дефинитивно гледа на иднината е Ансу Фати кој неодамна потпиша професионален договор и е регистриран како играч во првата екипа за оваа сезона.

Како што информира шпанската „Марка“ Фати имаше понуди од бројни европски клубови. Испратена е понуда од 125 милиони евра и 25 додатни како бонуси, не е објавено од кој клуб, но според англиските медиуми голем интерес покажал Манчестер јунајтед.

Со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ добро соработуваат со еден од најпознатите светски агенти, Жорже Мендеш, се претпоставува дека понудата дојде токму од „Олд Трафорд“.

Фудбалерот има само 17 години, со откупна клаузула од 400 милиони евра, минатата сезона имаше 33 настапи за Барселона, реализираше осум голови и запиша една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот